Македонија ООУ „Имри Елези“

Приведен член на избирачки одбор во Чаир

Според информации од теренот, апсењето се случило за време на пауза, во моментот кога лицето излегло надвор да испуши цигара.

Приведен член на избирачки одбор во Чаир

Член на избирачкиот одбор денеска е уапсен на избирачко место во просториите на Основното училиште „Имри Елези“ во општина Чаир, објави „Алсат“.

Според информации од теренот, апсењето се случило за време на пауза, во моментот кога лицето излегло надвор да испуши цигара.

Претседателот на избирачкиот одбор на ова избирачко место изјавил дека сѐ уште нема официјални информации за причините за апсењето, додека изборниот процес продолжил нормално, објави телевизијата.

Најнови вести од Македонија

To top