Македонија

„ПРЕЖИВЕАВ БИДЕЈЌИ СЕДЕВ ВО ОПАШКАТА НА АВИОНОТ“: Ова се сите воздухопловни несреќи во Македонија, двете најтрагични во иста година – особено најкобната во Охрид!

„ПРЕЖИВЕАВ БИДЕЈЌИ СЕДЕВ ВО ОПАШКАТА НА АВИОНОТ“: Ова се сите воздухопловни несреќи во Македонија, двете најтрагични во иста година – особено најкобната во Охрид!

Во светот се случуваат секаков вид на авионски несреќи од кој повеќето одземаат многу човечки животи, но освен авионски несреќи во светот се случуваат и хеликоптерски несреќи во кои за жал секогаш има човечки жртви.

Една таква несреќа ќе остави траен белег во македонската воздухопловна историја, а се случи на денешен ден во 2008-та година кога хеликоптер на АРМ се урна кај месноста катлановско Блаце, притоа загинаа 11 мировници на АРМ кои се враќаа од мисијата Алтеа во Босна и Херцеговина

Статистиката пак за сите авионски несреќи што се случиле на македонското небо и тло се следниве:

Првата евидентирана авионска несреќа во Македонија се случила на 22 октомври далечната 1951 година на авионот на компанијата на Јат кој полетал од скопскиот аеродром, а дестинацијата на која никогаш не стигнал била  Белград, загинале 12 лица.

На 22 септември 1957 година авион од типот Антонов 2Р се судри со авион на аеродромот во Скопје, при овој судир немало повредени.

На 24 јули 1992 карго авион се урна на 26 километри југоисточно од Скопје, за време на слетување кон аеродромот. Авионот удри во планина близу селото Лисец, во оваа несреќа животот го загубија осум лица.

На 5 март 1993 година,во 11 часот и 12 минути по полетување од Скопскиот аеродром, се урна патнички авион ФОКЕР 100 на компанијата Палер Македонија со 97 патници. Во несреќата загинаа 86 лица, додека 14 преживеале, во анализите за несреќата е запишано дека причина за падот на Фокерот е тоа што крилјата на авионот не биле размрзнати, што довело до негов дефект и паѓање.

Имав голема среќа што бев во опашката на авионот каде што силината на тресокот беше најслаб. Уште додека се залетуваше авионот почувствував дека нешто не е во ред. Авионот силно вибрираше и само што се крена почна да паѓа. Тогаш имав 22 години и си помислив зарем сега ми завршува животот, изјавил Зоран Ацковски, единствен преживеан член на екипажот на авионот на Палер за македонските медиуми во тоа време.

Осум месеци подоцна, на 22 ноември истата година на охридскиот аеродром, се случи и втората воздухопловна несреќа. Патнички авион Јак-42Д на Авиоимпекс се урна поради грешка на пилотот и однесе во смрт 115 луѓе и само еден преживеан кој им подлегнал на повредите по неколку дена во охридската болница. Авионот беше на рута од Женева до Скопје каде што требаше да слета, меѓутоа поради лошите временски услови и маглата беше пренасочен кон Охридскиот аеродром на принудно слетување. Се урна во близина на Тројан-планина.

Преживеаната стјуардеса Катерина Илиева во тоа време за македонските медиуми изјавила дека сега немала да биде жива ако не била заменета од нејзиниот колега стјуард пред полетувањето на авионот. Таа вели дека го живее вториот живот, се уште неможам да поверувам дека загинаа стотици луѓе, а меѓу нив и блиски колеги. Ден предходно сите бевме на забава, за мене тие не се починати, туку се уште патуваат.

На 18 септември 1995 авион Antonov 2R кој беше ангажиран во гасење пожари се урна во близина на Скопје, загинаа два члена на екипажот.

На 17 март 2001, во текот на воениот конфликт во Македонија, воен хеликоптер МИ-17 удри во бетонски столб на Попова Шапка. Загинаа пилотот и инженерот, а десетина војници беа повреди.

Во авионска несреќа надвор од Македонија, на 26 февруари 2004, во близина на Мостар загинаа македонскиот претседателот Борис Трајковски, шест негови соработници и двајцата пилоти на владиниот Кингер.

На 12 јануари 2008 хеликоптер на АРМ се урна кај месноста катлановско Блаце, притоа загинаа 11 мировници на АРМ кои се враќаа од мисијата Алтеа во Босна и Херцеговина.

На 28 август 2008 година, авион од типот Цесна со регистарски таблици ZL-DCV се урна во месноста Скребатно кај с. Лескоец, во близина на Охрид. Во несреќата животот го загубија пилотот и тројца патници во авионот. За среќа избегната е поголема катастрофа бидејќи авионот удри во автомобил фиќо во кој во моментот се наоѓаше малечко девојче. Истото освен претрпен шок нема други повреди. Очевидци велат дека авионот летал ниско, имал неправилна работа на моторот, по што се урнал најверојатно обидувајќи се да ја избегне толпата.

Хеликоптерската несреќа кај Струмица се случила на 10 јули 2014 година во околу 22.00 часот кога хеликоптер на Министерството за внатрешни работи со екипаж од четири лица удрил во предавател на Македонската радио-телевизија и се срушил на земјата.

Според првичните информации, хеликоптерот се враќал од смена на граничната полиција. Очевидци за медиумите изјавиле дека хеликоптерот вртел во воздух повеќе од пет минути без светла, а потоа удрил во предавател висок над 100 метри. Пилотите во текот на летот не пријавиле технички проблем со леталото, кој бил еден од поновите во МВР, произведен во 2008 година. Според поранешен началник на безбедност на летање во воено воздухопловство Небојша Антиќ, пилотите најверојатно се обиделе да го слетаат полицискиот хеликоптер на ледината во близина на Струмица. Хеликоптерот најпрво удрил во сајлите кои го држеле антенскиот столб. Во текот на истрагата биле пронајдени вградените три црни кутии.

Авионската несреќа кај селото Кожле во Општина Петровец се случила на 6 септември, 2016 околу 17:40. Во авионот имало 6 луѓе, патници и членови на екипажот.

Приватниот комерцијален авион полетал од италијанскиот град Тревизо, а требал да слета во Приштина. Авионот требало да наполни гориво на скопскиот аеродром. Патниците во авионот биле пет италијански и еден косовски државјанин.

Авионската несреќа кај Солунска Глава се случила на мал авион од типот цесна, кој летал од Охрид до Софија. Несреќата се случила на 2 април 2019 година во близина на врвот Солунска Глава во текот на попладневните часови. Во несреќата загинало четиричлено семејство од Бугарија.

Авионот бил изгубен од радарскиот систем западно од врвот Солунска Глава, кога биле вклучени два полициски хеликоптера да го бараат.

Остатоците од урнатиот авион биле пронајдени на непристапен терен и голема височина.

Меѓу загинатите патници во авионот биле Георги Бошнаков, неговата сопруга Калина и нивните две ќерки.

To top