Македонија Министерство за јавна администрација

Презентација на нова модерна верзија на ИСУЧР, обраќање ќе има премиерот Мицкоски

Ќе се одржи настан „Модерен ИСУЧР – Паметно управување со човечки ресурси во јавната администрација“

Презентација на нова модерна верзија на ИСУЧР, обраќање ќе има премиерот Мицкоски

Од Министерство за јавна администрација информираа дека денес ќе се одржи настан „Модерен ИСУЧР – Паметно управување со човечки ресурси во јавната администрација“.

На настанот по повод презентација на нова модерна верзија на ИСУЧР, свое обраќање ќе имаат министерот за јавна администрација, Горан Минчев, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска и премиерот на Владата Христијан Мицкоски.

Презентацијата на Модерен ИСУЧР – Паметно управување со човечки ресурси во јавната администрација ќе се одржи во Филхармонија на РМ, со почеток во 11 часот.

Најнови вести од Македонија

To top