Македонија ЕБОР

Претседателката на ЕБОР Одил Рено-Басо утре во посета на Северна Македонија

Со задоволство ја очекувам втората посета на Северна Македониј. Северна Македонија е значајна инвестициска дестинација за нас, каде ЕБОР има водечка сума на инвестиции, изјавила Рено-Басо, се наведува во соопштението од Европска банка за обнова и развој.

Претседателката на ЕБОР Одил Рено-Басо утре во посета на Северна Македонија

Претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил Рено-Басо, од утре ќе биде во посета на Северна Македонија.

За време на нејзината втора посета на земјава, претседателката на ЕБОР, како што е најавено, ќе се сретне со Владини претставници, клиенти, претставници од бизнис секторот и претставници од граѓанскиот сектор.

– Со задоволство ја очекувам втората посета на Северна Македониј. Северна Македонија е значајна инвестициска дестинација за нас, каде ЕБОР има водечка сума на инвестиции, изјавила Рено-Басо, се наведува во соопштението од Европска банка за обнова и развој.

ЕБОР, се додава во соопштението, е главна институција во Северна Македонија во однос на инвестициите во земјата и до денес, Банката има инвестирано ЕУР 2,9 милијарди во 190 проекти во целата земја.

To top