Онлајн медиа ја осудува прес-конференцијата на СДСМ на која партискиот портпарол јавно дискредитираше медиуми, кои се членови на здружението на електронските медиуми.
„Потегот на СДСМ е само одраз на едно мрачно минато на таа партија, кога постојано јавно напаѓаше медиуми. СДСМ мора да се демократизира и да сфати еднаш засекогаш дека слободата на изразување и слободното работење на медиумите е нивно неприкосновено демократско право. Најмалку што треба да стори сдсм е јавно да се извини“, се истакнува во реакцијата.