Македонија

Пренџов: СДС се пред нокдаун, ќе доживеат катастрофален пораз на 8 мај и на претседателските избори бидејќи 7 години ја тероризираа македонската јавност и уназадија многу процеси

Пренџов: СДС се пред нокдаун, ќе доживеат катастрофален пораз на 8 мај и на претседателските избори бидејќи 7 години ја тероризираа македонската јавност и уназадија многу процеси

Во вечерашната емисија „За или против“ на Алфа ТВ гостуваше пратеникот Љупчо Пренџов кој што истакна дека СДС се пред нокдаун и ќе ги изгубат изборите бидејќи 7 години ја тероризираа македонската јавност и уназадија многу процеси а дополнително се обидуваат и да имаат целосна контрола на судството и обвинителството.

„Во однос на апанажата, кога вашите членови, симпатизери, луѓето кои што се сега на некоја функција во СДС или луѓе кои што се надеваат дека ќе бидат на некоја функција после изборите, им ја праќате пораката дека „Јас и Оливер се обезбедивме“ а за вас ќе видиме што ќе правите следната година, јасно им е на сите дека СДС е пред нокдаун, на 8 мај а претходно на претседателските избори, тие повеќе и не го кријат тоа со вакви потези, бидејќи ова се потези кои што праќаат многу силна порака пред се во нивната партија и нивното членство каде што практично се крева едно бело знаме и се гледа само за себе и така е обично кога се губат изборите. Ова нема да биде обично губење на изборите ова ќе биде катастрофално губење на изборите и тоа ќе биде заслужено бидејќи сите овие седум години на еден или на друг начин ја тероризира македонската јавност, тероризираа целни групи уназадија многу процеси. Тие мислеа дека граѓаните може да ги лажат цело време со пи-ар, едноставно беа од лепени од реалноста од лепени од реалните проблеми немаа желба за работа да ги решаваат проблемите што се случуваа во државата. Сега граѓаните на 8 мај ќе им ја испорачаат сметката за сето она што се случуваше изминатиот период а нивната апанажа е законско право но пораката е секако многу силна што ја праќаат пред се кон нивните членови“, истакна Пренџов.

Пренџов посочи дека во изминатите 30 години ниту еден министер или директор од СДС не одговарал и покрај многуте криминали и афери, и нагласи дека и ден денес СДС се обидува да го контролира судството и обвинителството.

„Суштината за која што власта не сака да зборуваме е во тоа што тие сакаат да имаат и во следните 10 години целосна контрола во обвинителството и во судството во државата. Од 90- тите кога СДС бил на власт кога се бирале по 500 судии во еден ден во собранието преку вакви судски совети кои што ги правата сега, и денеска пред заминување од власт тие практично цело време го контролираат судството. Ја видовме цела приватизација која што беше пари, многу останаа без работа повторно дојдоа на власт 2002, 2006, повторно имаше криминал афери кажете ми еден министер на СДС што одговарал од 1992 година до денеска. Ние не знаеме за ниту еден директори за нито една голема афера да некој одговарал од СДС во овие 30 години. Никој не одговарал за ништо затоа што од 92 до ден денешен со овој закон и во следниот период ќе се обидат да имаат целосна контрола на судството и обвинителството“, нагласи Пренџов.

Поврзани теми

Најнови вести од Македонија

To top