Македонија Собраниската комисија за избори и именувања

Предлог – одлуката за именување директор на Агенцијата за пристап до информации пред матичната комисија

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер од 25 декември минатата година не работи откако тогаш на претходната директорка на Агенцијата Пламенка Бојчева и завршил мандатот.

Предлог – одлуката за именување директор на Агенцијата за пристап до информации пред матичната комисија

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе одржи седница, на чиј дневен ред е Предлог – одлуката за именување директор на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Еден од најважните органи за транспарентноста на институциите и на демократијата – Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер од 25 декември минатата година не работи откако тогаш на претходната директорка на Агенцијата Пламенка Бојчева и завршил мандатот.

Агенцијата е останата и без заменик-директор откако претходниот Бљерим Исени на последните локални избори беше избран за советник во Советот на Општина Куманово.

Собраниската комисија за избори и именувања во јануари годинава поништи еден оглас за избор на директор и заменик-директор на Агенцијата за пристап до информации од јавен карактер бидејќи на огласот беа пријавени само двајца кандидати, кои не доставиле комплетна документација. (МИА)

Најнови вести од Македонија

To top