Македонија можни манипулации при приемот на идни судии и обвинители

Правда ќе го озаконува полагањето со пенкало за кое стручната јавност реагираше дека може да биде злоупотребено

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира на полагањето на тестот во писмена форма, од каде што пред два дена предупредија дека тоа е можност за вработување партиски кадри на СДСМ и ДУИ.

Правда ќе го озаконува полагањето со пенкало за кое стручната јавност реагираше дека може да биде злоупотребено

Министерството за правда иницираше измени на Законот за Академија за судии и јавни обвинители со цел да се надминат проблемите со полагањето на квалификацискиот тест, односно да се полага писмено. Ресорниот министер Кренар Лога ќе го озаконува полагањето со пенкало за кое стручната јавност реагираше дека може да биде злоупотребено и да има манипулации при приемот на идни судии и обвинители.

Како што соопштуваат од Министерството, предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за Академија за судии и јавни обвинители содржи четири члена.

– Со членот 1 се врши надополнување на членот 40 со два нови става со кои се овозможува надминување на непредвидениот застој во постапката за полагање на приемниот испит во Академијата поради настан кој не можел да се предвиди.
Имено, во случај кога единствениот електронски систем за полагање на испитите не е во функција како резултат на настани кои неможеле да се предвидат, а поради крајна итност за спроведување на приемниот испит, се предлага можност квалификацискиот тест да се полага во хартиена форма, а резлтатите да се добијат со електронски читач, без вклученост на човечки фактор, водејки сметка за анонимноста, интегритетот на испитниот процес и различноста на тестовите – стои во соопштението испратено од Министерството за правда.

Од таму додаваат, дека решението што се предлага е слично со решението содржано во Законот за дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на РСМ бр. 67/22“).

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира на полагањето на тестот во писмена форма, од каде што пред два дена предупредија дека тоа е можност за вработување партиски кадри на СДСМ и ДУИ.

-Имено, на 22 јануари се полага главниот квалификациски тест за 130 слушатели во Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО). Но, за да може оние од списоците на ДУИ и СДСМ да поминат со максимум бодови, Владата донела заклучок квалификацискиот тест да се полага писмено наместо електронски. Ова е спротивно на членот 39 од Законот за АСЈО, каде што изрeчно е наведено дека квалификацискиот тест се полага по електронски пат, а сè со цел да не може некој од Управниот одбор на АСЈО да им ги доодговори прашањата на владините фаворити за судии и обвинители, напиша Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Објективни услови за прием на кадри во правосудството постојано бара и Европската Унија како едно од решенијата за подобро владеење на правото и намалување на корупцијата.

To top