Од понеделник до петок, од 17 до 19 часот во просториите на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на улица „Македонија“, Централната комисија за труди социјална политика на ВМРО-ДПМНЕ ќе има отворени денови каде што граѓаните ќе можат да се информираат за програмата и идеите на партијата за во иднина.
Граѓаните ќе имаат можност да разговараат со д-р Лазар Јовевски, како и со други експерти од областа.