Македонија ЦУК

Пожарот на Галичица гори на тешко пристапен терен, кај Јасен уште има чад

-Тоа е карпест терен на кој човечка нога не може да стапне. Хеликоптерот фрли неколку корпи вода на овој тешки пристапен предел, но линијата е голема, вели Ангелов.

Пожарот на Галичица гори на тешко пристапен терен, кај Јасен уште има чад

Пожарот на територијата на Јасен кон селото Белица во Општина Македонски Брод повеќе чади отколку што гори, информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, додавајќи дека обемот на овој пожар е драстично намален.

-Сепак, се уште не можам да кажам дека имаме целосна контрола врз него. На земја во гаснењето учествуваат поголеми сили, рече тој.

Ангелов вели дека пожарот на Галичица гори на тешко пристапен терен и од страната на Охрид и од страната на Преспа.

-Тоа е карпест терен на кој човечка нога не може да стапне. Хеликоптерот фрли неколку корпи вода на овој тешки пристапен предел, но линијата е голема, вели Ангелов.

Тој најави дека утре на Галичица ќе се гасне со три хеликоптери за да се постигне подобар ефект.

To top