Македонија Пожарникари - Струмица

Пожарот го гаснеа екипи од сите околни градови: Бројот на жртни се искачи до 50

Во гаснењето на пожарот и спасување на младите пристигнаа против пожарни екипи од сите градови на околината, како и возила и медицински екипи, соопшти Пожарникари – Струмица.

Пожарот го гаснеа екипи од сите околни градови: Бројот на жртни се искачи до 50

„Катастрофален и трагичен пожар се случи ноќеска околу 03.00 часот во Диско клубот Пулс во Кочани.Стравични сцени и драматична борба за спасување на повредени и преживеани се случуваше во раните утрински часови.

Бројот на жртви засега никој него знае, се спомнуваат 20 до 50 жртви. Во гаснењето на пожарот и спасување на младите пристигнаа против пожарни екипи од сите градови на околината, како и возила и медицински екипи.

Се претпоставува дека оваа страшна трагедија која не е забележана во историјата на Кочани и Р. Македонија, се случила од светлосните ефекти во диското за време на концерт на групата ДНК“, соопштија Пожарникари – Струмица, на својата ферсбук страница.

Најнови вести од Македонија

To top