Македонија РЦУК Велес

Пожар во дом за стари лица во кавадаречко, се евакуираат станарите

На терен се 10 пожарникари со три противпожарни возила и интервенираат, информираа од РУЦК Велес.

Пожар во дом за стари лица во кавадаречко, се евакуираат станарите

РЦУК Велес, известува дека во село Чемерско во општина Кавадарци, има пожар во старечкиот дом.

На терен се 10 пожарникари со три противпожарни возила и интервенираат.

Исто така во терен има уште три медицински тима и две полициски коли со осум полицајци.

Во меѓувреме се евакуираат 30 лица кои се сместени во старечкиот дом со две мини возила (минибуси), се додава во известувањето.

Најнови вести од Македонија

To top