Вечерва гори сува и нискостеблеста шума околу врвот на планината Жеден.
Нашата фотографија и видео е направено во близина на пожарот од страна на Кучково.
Мештаните кои живеат во таа околина огнот го забележале во текот на целиот ден, но не бил толку проширен и не се гледал толку многу како откако падна мрак.
Пожар на 05 февруари во близина на Кучково и селото Свиларе pic.twitter.com/wE9p127fAI
— Курир (@KurirMK) February 5, 2024
Во врска со овој пожар изјава даде и Стојанче Ангелов кој ја потврди информацијата.
„Пожарот е околу врвот на планината Жеден, гори претежно трева и евентуално грмушки. Поради непристапниот терен скопската БППЗ не можеше да интервенира. Поради ниските температури има големи шанси да изгасне сам во текот на ноќта. Доколку утре наутро има горење ќе ангажираме воздухоплови“, вели Ангелов.