Македонија На терен интервенирале 10 пожарникари со три возила

Пожар избувна кај Тутунски комбинат: Гореше импровизирана работилница, нема повредени лица

-Пожарот е локализиран за кратко време, потоа се работеше на расчистување. Освен материјална штета, нема повредени лица, вели Томевски.

Пожар избувна кај Тутунски комбинат: Гореше импровизирана работилница, нема повредени лица

Пожарот во близина на Тутунскиот комбинат е локализиран. Избувнал во импровизирана автомеханичарска работилница. Причинета е материјална штета, но за среќа нема повредени лица.

Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Звонко Томевски во изјава за МИА вели дека на терен интервенирале 10 пожарникари со три возила.

– Пожарот е локализиран за кратко време, потоа се работеше на расчистување. Освен материјална штета, нема повредени лица, вели Томевски.

Чадот од пожарот можеше да се види од повеќе делови од градот.

Најнови вести од Македонија

To top