Повреден бил жител на росоманското село Сирков, при гаснење на пожар. Тој се здобил со изгореници на рацете и едната ногаи, информираше попладнево Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.
– Лицето се здобило со изгореници на лице и рака на десната страна. Препратено е на клиниката за пластична хирургија во Скопје, за МИА потврди, доктор Ратко Грков, раководител на Итна медицинска помош Кавадарци.
Пожарот кај Сирково избувна во текот на денешниот ден.