Вчера Амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Г-дин Килиан Вал ја посети Агенцијата за остварување на правата на заедниците.
Со почитуваниот Амбасадор Вал остваривме конструктивен и квалитетен разговор на повеќе теми кои се однесуваат и кои ги таргетираат немнозинските заедници во Македонија. На средбата исто така се дискутираше и за досегашната соработка и резултатите постигнати со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, како и за идните заеднички планови и проектни активности кои ќе бидат спроведени во наредниот период.

Оваа прилика Директорот на АОПЗ ја искористи да му се заблагодари на Амбасадорот Вал за досегашната поддршка на Агенцијата од страна Мисијата на Обсе. Како гест на благодарност директорот Далибор Китановиќ на Амбасадорот Вал му врачи плакета-благодарница.
На крајот од посетата беше заклучено дека успешната соработка ќе продолжи и во наредниот период.