Македонија

Посебна комисија ќе ја утврди почетната цена на Аудито на Општина Струга

Одлуката за продажба на службеното возило беше првата што градоначалникот Менди Ќура ја потпиша веднаш по превземањето на мандатот. Одобрување за реализација доби и од Советот на Општина Струга.

Посебна комисија ќе ја утврди почетната цена на Аудито на Општина Струга

Општина Струга ќе формира комисија која ќе ја утврди почетната цена за продажба на службениот автомобил „Ауди А6“, по што возилото ќе биде понудено на јавна, отворена и транспарентна аукција, соопшти денеска општинската прес-служба.

Одлуката за продажба на службеното возило беше првата што градоначалникот Менди Ќура ја потпиша веднаш по превземањето на мандатот. Одобрување за реализација доби и од Советот на Општина Струга.

– Општина Струга не планира набавка на службено возило за градоначалникот. Како што е јавно соопштено, во текот на целиот мандат градоначалникот ќе користи сопствено приватно возило, а сите трошоци поврзани со неговото користење ќе ги покрива лично. Наместо луксузно возило, Општина Струга ќе набави функционално комбе, во служба на општинската администрација, спортските клубови и градските активности, стои во информацијата.

Минимизирањето на трошоците на градоначалникот и на администрацијата на Општина Струга, според соопштението, е јасен приоритет на градоначалникот Ќура.

Против поранешниот градоначалник на Општина Струга се водеше судски процес за набавката на луксузниот автомобил „Ауди“ во вредност од 67.000 евра, а Судот во Струга донесе ослободителна пресуда.

Најнови вести од Македонија

To top