Поранешен пратеник од редовите на СДСМ починал по пад од кров на неговата викендица на планината Осогово.
Според информациите на ТВ 24 од сдсм се работи за поранешниот пратеник Миле Андонов кој бил во пратеничкиот состав 2008 -2011 година и 2011 -2014 година. МВР потврдуваат дека таква несреќа се случила во Кочани.
– Во 18 часот од итната медицинска помош било пријавено дека на планината Осогово М.А. роден 1962 година од кочани додека работел на кровот од викендицата, паднал и починал на лице место. Од страна на итната медицинска помош била констатирана смрт, известен е јавен обвинител – се вели во соопштението на МВР.