Поради оштетувања на мост, а заради зголемена безбедност во сообраќајот, едната лента од магистралата А3 од патот Делчево – Македонска Каменица кај село Очипала повторно е затворена, информираат од подружницата на Македонија Пат во Делчево.
Одлуката за повторното затворање на едната лента, како што додаваат, е донесена со решение на Државен инспектор за патишта.
За таа цел упатија известување до возачите да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација на споменатата делница од овој патен правец.
Мостот на магистралата А3 кај село Очипала беше оштетен од поплавите минатото лето. Дел од истиот беше саниран, но поради оштетувањата за целосна санација на истиот ќе биде спроведена сеопфатна анализа за причините за оштетувањето и можните решенија за трајно решавање на овој проблем. (МИА)