Македонија АМСМ

Поради магла намалена видливост на неколку патни правци

Намалена видливост поради појава на магла до 30 метри има на патниот правец Дебар – Струга, од 25 до 30 метри на патниот правец село Гајре – Попова Шапка и од 100 до 150 метри на патниот правец Тетово – Гостивар.

Како што информираат од АМСМ, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ потсетуваат дека на сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март следната година.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Најнови вести од Македонија

To top