Македонија Државен завод за статистика

Помалку доктори на науки, магистри и специјалисти во 2023-та година

Најголемиот процент (21,2) од вкупниот број лица што докторирале ја вршат својата професија во образованието.

Помалку доктори на науки, магистри и специјалисти во 2023-та година

Звање доктор на науки во 2023 година стекнале 174 лица, што е намалување за 11,7 проценти во споредба со 2022. Над половината, 91 или 52,3 проценти, од вкупниот број на тие што докторирале минатата година се жени.

Како што објави Државниот завод за статистика, најголем број (22,4 отсто) докторирале во областите бизнис, администрација и право, 20,7 отсто во здравство и социјална заштита, во  областа на општествените науки, новинарството и информирањето  докторирале 13,8 отсто, во уметноста и хуманистичките науки 12,1, а останатите области се со помал процент на застапеност.

Најголемиот процент (21,2) од вкупниот број лица што докторирале ја вршат својата професија во образованието.

Според податоците на Државниот завод за статистика, звање магистер на науки и специјалист минатата 2023 година стекнале вкупно 1828 лица, што е помалку за 2,9 проценти во споредба со претходната 2022 година.

Магистри лани станале 1624 или 89 проценти, а 204 или 11 проценти се специјалисти.  Од вкупниот број, жени се 59,8 проценти.

Најголем број од магистерските трудови, 624 или 38,4 проценти, се од областа на бизнисот, администрацијата и правото, 21,6 проценти се од областа на инженерството, производството и градежништвото, по што следуваат општествените науки со 11,9 отсто. Останатиот дел од областите се со помал процент на застапеност. (МИА)

Најнови вести од Македонија

To top