Македонија Вечна им слава

Положени венци пред споменикот на загинатите кај Карпалак: 23 години од денот кога ги положија своите животи за својата татковина 

Во спомен на бранителите, во родниот град на македонските херои, Прилеп ќе биде оддадена почит и ќе бидат положени венци со свежо цвеќе пред комплексот Карпалак.

Положени венци пред споменикот на загинатите кај Карпалак: 23 години од денот кога ги положија своите животи за својата татковина 

Заедничка делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата предводена од началникот, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски и државниот секретар Елизабета Чуповска Ристова денеска положија венец со свежо цвеќе на спомен плочата на бранителите кај месноста Карпалак.

Министерство за одбрана

Десетмината прилепски бранители, Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски ја платија највисоката цена и ги положија своите животи за својата татковина за зачувување на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет.

Во спомен на бранителите, во родниот град на македонските херои, Прилеп ќе биде оддадена почит и ќе бидат положени венци со свежо цвеќе пред комплексот Карпалак.

Министерство за одбрана

Најнови вести од Македонија

To top