Македонија Министерство за одбрана

Полковник Кире Николовски одликуван со Сребрен медал за национална одбрана

На свечена церемонија што се одржа во присуство на амбасадори и претставници на амбасади од повеќе европски држави, како и делегација на Општина Битола, полковникот Кире Николовски беше промовиран како високо стручна личност, претставник на вооружените сили на Република Македонија.

Полковник Кире Николовски одликуван со Сребрен медал за национална одбрана

Министерството за одбрана и вооружени сили на Република Франција денес во Битола го одликуваше со Сребрен медал за национална одбрана, полковникот Кире Николовски.

На свечена церемонија што се одржа во присуство на амбасадори и претставници на амбасади од повеќе европски држави, како и делегација на Општина Битола, полковникот Кире Николовски беше промовиран како високо стручна личност, претставник на вооружените сили на Република Македонија.

-Во текот на 2023-2024 година полковник Кире Николовски од вооружените сили на Македонија посетуваше обука во Воената Школа во Париз. Во текот на обуката тој извонредно се интегрираше меѓу армиската, и меѓу народната средина, во која претстави прекрасна слика за неговата татковина. Во оваа свечена пригода сакам да се заблагодарам на македонските власти што на француската армија и ја доверија обуката на високо ниво на полковникот Николовски. Тоа ќе се покаже исплатливо за неговата интероперабилност заедно со француските сили на мултилатерален и билатерален план. Полковник Кире Николовски, во име на министерот за одбрана и вооружените сили на Франција ви доделуваме Сребрен медал за национална одбрана, беше истакнато на свеченоста во Битола.

To top