Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на привлекување на нови авиокомпании и нови авиолинии. Во фокусот е развој на авиосообраќајот и зголемување на конкуренцијата на домашните аеродроми. Политиките што се спроведуваат во авиосообраќајот даваат конкретни резултати, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-За само неколку месеци владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да овозможи десетици дестинации од двата домашни аеродроми, се вложува во воздушниот сообраќај и се создаваат поконкурентни услови за патување и нови дестинации за граѓаните. Исто така, се преговара И за уште десетина нови авиолинии. Скопје директно се поврза со Париз, со нова авионска линија Скопје-Париз (аеродром Орли). Се воведе нова авио линија Охрид-Истанбул. После 12 години повторно се врати линијата Скопје-Амстердам. Нов чартер лет од Германија со кој најмалку 200 туристи секојдневно ќе ја посетуваат Македонија. Најмалку еден лет дневно и меѓу 180 и 200 туристи секојдневно ќе доаѓаат надвор од главната туристичка сезона, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Две нови авиолинии од Меѓународниот аеродром Скопје и тоа: Скопје -Женева која ќе започне да оперира од 3 ноември 2025 и Скопје-Париз (аеродром Орли) од 2 април 2025.
Претходно се потпишаа и договори за воведување на линиите: Охрид – Истанбул, Охрид – Базел Мулхаус, Скопје – Дубаи, Скопје – Штутгарт, Скопје – Лион, Скопје – Барселона.
Се преговара и за воспоставување на нова линија Скопје –Прага, како и можноста за нова линија Охрид- Карлови Вари.
-Освен новите авиолинии кои се воведоа и тие за кои се преговара, за прв пат по изградбата на аеродромот во Охрид се прошируваат капацитетите, и ќе се гради нова терминална зграда. Реконструкција и нова административна зграда на Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“. Целта е подобрување на квалитетот на животот на македонските граѓани, подобар проток на добра и услуги, како и инвестиции и пораст на економскиот развој, велат од ВМРО-ДПМНЕ.