Македонија

Полицијата влезе на Онкологија, приведен поранешен директор, три лица избегале во странство!

Полицијата влезе на Онкологија, приведен поранешен директор, три лица избегале во странство!

Полициски екипи утрово влегле на клиниката за Онкологија во Скопје. Според неофицијални информации од истражните органи, се вршат претреси во канцелариите на тројца лекари од клиниката. Постапката е по наредба на обвинителството.

– Се преземаат дејствија по наредба на јавен обвинител. Штом имаме повеќе информации ќе споделиме, велат од ОЈО за Сител.

Екипа на ТВ Сител е пред клиниката за Онкологија. Клиниката работи вообичаено, а пациентите ги вршат своите потреби.

Очевидци на случувањата пред Онкологија велат дека во 08:30 часот полициски службеници со лисици на рацете го изнеле еден од поранешните директори на Клиниката.

Со постапката според неофицијални информации на ТВ Сител опфатени се и поранешен економски директор на клиниката како и секретарка на поранешен директор.

Како што дознава пак, Телма три лица се избегани во странство додека траела предистрагата.

To top