Македонија најмногу по Англиски јазик

Полагање на вториот екстерен испит од државната матура

Најдоцна до 8 јули Државниот испитен центар (ДИЦ) ќе ги објави резултатите од полагањето на двата екстерни испита.

Полагање на вториот екстерен испит од државната матура

Матурантите денеска ќе го полагаат вториот, изборен екстерен испит од државната матура. Најмногу кандидати (13 198) се пријавени за тестот по Англиски јазик. Испит по Математика ќе полагаат 1356, за Германски јазик се пријавени 114, 37 за Француски јазик, 84 за Естетика и по еден кандидат за Руски јазик и за Филозофија.

Минатата сабота матурантите го полагаа првиот, задолжителен екстерен испит – Мајчин јазик (Македонски/Албански/Турски) и литература.

Најдоцна до 8 јули Државниот испитен центар (ДИЦ) ќе ги објави резултатите од полагањето на двата екстерни испита.

Според видот на образование, државна матура во јунската сесија полагаат 6341 матуранти од гимназии, 8230 од стручни и 263 од уметнички училишта.

За да има поголема контрола при полагањето, оваа учебна година матурантите првпат тестовите ги решаваат во големи простори – училишните холови или спортски сали.

Матурантите кои во јунската сесија нема да ја положат државната матура или не во целост ќе може да се пријават за августовската сесија кога двата екстерни испита ќе се полагаат на 12 и 14 август 2024.

To top