Македонија Екипирајте ги коледарчињата

„Почувствувај радост“ – слоган на Бадникови поворки 2024, објавен повик за учество

Од Здружението ги замолуваат сите градови и населени места кои досега немале Бадникови поворки да се придружат во највеличественото празнување на Бадник и Божиќ.

„Почувствувај радост“ – слоган на Бадникови поворки 2024, објавен повик за учество

Здружението за возобновување на вистинските православни вредности „Бадникови поворки“ објави повик за учество до сите градови и населени места во земјава и дијаспората за празнување на претстојните христијански празници Бадник и Божиќ.

– Ги започнуваме подготовките за Бадникови поворки 2024. Затоа, екипирајте ги коледарчињата, подгответе ги божиќните ѕвезди, повторете ја „Вечниот Бог“ и очекувајте го 6-ти јануари 2024 за во еден глас од сите страни на светот да Му пееме на Христа и да го најавуваме Неговото Раѓање! Ги замолуваме сите досегашни организатори да се вклучат со полна пареа и најголема радост каква што заслужува големиот празник, објави Здружението на Фејсбук.

Од Здружението ги замолуваат сите градови и населени места кои досега немале Бадникови поворки да се придружат во највеличественото празнување на Бадник и Божиќ.

– Само испратете ни порака на: [email protected] и брзо ќе Ве вклопиме во најрадосната празнична приказна во регионот. „Почувствувај радост“ е слоганот на Бадникови поворки 2024, затоа што радост ќе блика во сите облици, стои во објавата.

Од Здружението за возобновување на вистинските православни вредности „Бадникови поворки“ информираат дека се поставуваат големи божиќни пештери на плоштадите во сите поголеми градови во земјава, се подготвуваат божиќни концерти и претстави, се организираат креативни работилници за секое дете во секоја поворка да има своја ѕвезда, се подготвува прием и дарување од градоначалниците… Најавуваат дека се подготвува Божиќна сликовница, божиќни стикери и уште многу други изненадувања. (МИА)

Најнови вести од Македонија

To top