Македонија Ин меморијам

Почина проф. д-р Кирил Темков

На 82-годишна возраст денеска во Скопје почина проф. д-р Кирил Темков, познатиот професор во пензија по филозофија, етика и естетика, автор на голем број книги, учебници и научни дела, како и публицистички трудови од областа на филозофијата, етиката, естетиката и културологијата.

Темков во текот на својата плодна кариера беше асистент, предавач, вонреден и редовен професор по Етика, Естетика, Филозофија на политиката, Филозофија на менаџерството, Еколошка етика, Биоетика, Педагошка и Менаџерска етика, како и Филозофија на образованието на Институтот за филозофија при Философскиот факултет во Скопје.

Темков е роден во Кавадарци во 1943 година, во занаетчиско семејство, а своето образование го стекнал во Белград и Скопје. Дипломирал во 1968 година, а докторирал во 1982 година на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Најнови вести од Македонија

To top