По кратко боледување почина Никола Глигоров, културен работник и долгогодишен директор на Дирекцијата за култура и уметност Скопје, кој последниве години беше во пензија, соопшти установата.
Дирекцијата е организатор на манифестациите Скопско лето, Есенски музички свечености и Матурска парада, кои се одржуваат над 40 години.
„Неговата посветеност и придонес во развојот на културниот живот на Скопје ќе останат трајно врежани во нашата организација и во културната меморија на градот“, велат од Дирекцијата.
Глигоров етириесет години упорно и со непрегор ја анимираше Скопската култура. Скопско лето, Скопска музичка есен, Денови на Европско Скопје, Матурска парада, Спектакуларните дочеци на Нова Година на Плоштадот Македонија и сето тоа заедно со малиот колектив го организираа и го даруваа на Скопје.
Во последните години, храбро се бореше да ја спаси Културната традиција на градот Скопје и покрај игнорантскиот однос на инстуциите.
Се пезионира минатата година како Директор на Дирекцијта за култура и уметност.
Последното простување со починатиот Никола Глигоров ќе се одржи денес, вторник , 24 февруари во Капела 2 на Градските гробишта Бутел, во периодот од 12:30 до 13:30 часот.