Македонија тажна вест

Почина Милорад Гавровски од групата Трио Гавровски

Триото го негуваше гласоечкото пеење, двогласното машко пеење кое се најде на листата на заштитено нематеријално културно наследство на УНЕСКО во 2016 година.

Почина Милорад Гавровски од групата Трио Гавровски

Тетовското Трио Гавровски денеска соопшти дека почина еден од основачите, Милорад Гавровски.

Триото го негуваше гласоечкото пеење, двогласното машко пеење кое се најде на листата на заштитено нематеријално културно наследство на УНЕСКО во 2016 година.

– Сè ме напушта пополека сине, но Господ уште ми го чува гласот. Тоа беа последните твои зборови. А денес кога те напушти и тој, го напушти и оној за кого цел живот се бореше да излезе на прав пат. Годините се бројка, а ти остануваш мојот ангел чувар во вечноста, напиша неговиот син Мирослав кој заедно со братот на Милорад го сочинуваа триото.

Милорад Миле Гавровски ќе биде погребан на тетовските градски гробишта утре во 12 часот. Телото ќе биде изложено во капела од 11 часот.

To top