Македонија

Почина мајката на Митрополитот Брегалнички г. Иларион

Почина мајката на Митрополитот Брегалнички г. Иларион

Брегалничката Епархија објави дека во Господа се упокои Гордана Серафимовска, мајка на Митрополитот Брегалнички г. Иларион.

-На 03 септември 2025 година, св. ап. Тадеј, св. мч-чка Васа Солунска; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на свештенослужители од МПЦ-ОА, отслужи Света Архиерејска Заупокоена Литургија, за покој на душата на својата мајка Гордана Серафимовска, во храмот “Св. вмч. Георгиј” во Куманово. По Заупокоената Литургија, Надлежниот Архиереј, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, го изврши опело над новоупокоената рабина Божја Гордана Серафимовска од Куманово. Вечнаја памјат и царство небесно да и дарува семилостивиот Бог, се наведува во објавата.

Најнови вести од Македонија

To top