Македонија тажна вест

Почина гинекологот Венци Чалков, условно осуден за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе

Гинекологот Чалков беше дел од судскиот процес, а во врска со смрта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе пред 10 години.

Почина гинекологот Венци Чалков, условно осуден за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе

Почина докторот Венци Чалков, а од него преку социјалните мрежи се простуваат членови на семејството, пријатели, пациенти, познавачи.

Гинекологот Чалков беше дел од судскиот процес, а во врска со смрта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе пред 10 години.

Тој заедно со колегата Дончо Москов од Струмица беа обвинети за кривичното дело „Тешки дела против здравјето на луѓето“, а минатиот месец им беше изречена затворска казна од шест месеци, која ќе се изврши ако во следните две години сторат ново кривично дело.

Апелациониот суд ги прогласи за виновни, една недела пред застарување на кривичното дело. По изречената пресуда, најавена беше жалба до Врховниот суд.

Во овој случај беше обвинет и анестезиологот Томчо Ванчев од Гевгелија, кој во меѓувреме почина. Во текот на истрагата почина и вториот анестезиолог Зоран Јовановски.

To top