Македонија расчистување, до кое не требаше ни да дојде

ПО СВАДБА, ТАПАНИ: Општина Центар ги отстранува паднатите дрвја, кои не ни смееле да бидат таму

За среќа на жителите на Капиштец, се мина без човечки жртви или повредени.

„Господ ги чувал“ вели народот, а општината се занимава со избори…

ПО СВАДБА, ТАПАНИ: Општина Центар ги отстранува паднатите дрвја, кои не ни смееле да бидат таму

Во стилот на народната „По свадба, тапани“, Општина Центар помпезно се пофали дека ги остранува паднатите дрвја во населбата Капиштец, дрвја кои не ни смееле да бидат таму.

Имено, работа на општинското „Паркови и зеленило“ е да изврши конторла на дрвјата во општината и да процени кои од нив се за сеча, а кои не. Нивна задача е да ја оценат состојбата на општинското зеленило. Ова, или воопшто не е направено, или е лошо направено – „трчанката“, ко демек исконтролирано, велат граѓаните.

Но тоа не ја спречи општината да се пофали:  „Општина Центар информира дека во моментов екипите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и ЈП „Паркови и зеленило“ работат на отстранување на двете паднати дрвја во близина на ООУ „Киро Глигоров“.“

За среќа на жителите на Капиштец, се мина без човечки жртви или повредени.

„Господ ги чувал“ вели народот, „среќа“ во недела, бидејќи таму има и основно училиште. А општината, таа се занимава со избори…

 

На ова реагираше и во Фејзбук статус членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Богески.

❗️Што уште треба да се случи за некој конечно да преземе одговорност?

🌳 Огромно дрво падна веднаш до ОУ „Киро Глигоров“…

Posted by Димитар Богески on Monday 27 October 2025

Најнови вести од Македонија

To top