Еден ден по признанието на генералниот секретар кому никој не му го знае името, а некои саде прекарот, и портпаролката на СДС призна дека сега ДЕА, за промена, комуницира со македонските власт.
Американската агенција за справување со трговијата со дрога во нивно време не коминицираше со владата на Заев и Филипче, туку криеше акции кои ги обелоденуваше пост фестум, откако ќе ги спроведеше. Причина беше осуетената акција Планина, во коај врхушката на СДС и ДУИ ја предаде полициската акција на мафијашите, кои сите до еден фатија „штрафта џафте“ од државата и местото каде беше дрогата. Фатија само незначително количество и по некој гаваз и дилер. Сега, ДЕА соработува со македонските власт, призна Богданка.
„Според неофицијални информации објавени во српските медиуми, обвинителствата во Србија и во Македонија добиле клучни податоци од Американската агенција за борба против дрога – ДЕА.“ срочи несреќно портпаролката Кузеска.
Тогаш, властите не добиваа ништо од истата таа ДЕА, која не бадијала и со силна причина ја бојкотираше владата поврзана со нарко мафијата во Македонија, време кога мафијата владееше со државата.
Призна Саша. Следниот ден, Богданка. Фројд деновиве, полека но сигурно, проработува кај членовите на СДС. Можеби и Филипче ќе признае нешто околу Модуларната, ковид-вакцините, Онкологија или болницата на Жан Митрев?