Македонија Управа за извршување на санкции

По пауза од неколку години започнува со реиздавање осуденичкиот весник „Искра“

Ковилоски смета дека интересот за весникот „Искра“ ќе биде огромен, бидејќи јавноста е секогаш заинтересирана за случувањата во затворите.

По пауза од неколку години започнува со реиздавање осуденичкиот весник „Искра“

Од секторот за ресоцијализација во КПД „Идризово“ информираа дека по пауза од неколку години во установа започнува со реиздавање на осуденичкиот весник „Искра“.

-Весникот е создаден од лица кои издржуваат затворска казна, вели Александар Ковилоски, вработен во секторот за ресоцијализација во КПД „Идризово“.

Осуденичкиот весник „Искра“ е периодично списание и е изготвуван од страна на вработени во затворските установи, во соработка со лица кои издржуваат затворска казна во нашата држава.  Весникот е наменет за осудените лица и веруваме дека ќе стане активен двигател на процесот на ресоцијализација.

Ковилоски смета дека интересот за весникот „Искра“ ќе биде огромен, бидејќи јавноста е секогаш заинтересирана за случувањата во затворите.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Најнови вести од Македонија

To top