Македонија од 09.30 до 12 часот

Пловидбата по каналот „Студенчишта“ утре во прекин, ќе се одбележува Денот на АРМ

Пловидбата по каналот „Студенчишта“ утре во прекин, ќе се одбележува Денот на АРМ

СВР Охрид и полициската станица за Граничен надзор „Охридско езеро“,  известуваат дека утре (18 август 2024 година)  од 09.30 до 12 часот, во прекин ќе биде пловидбата по каналот „Студенчишта“.

Прекинот е поради предвидените активности на просторот кај  Центарот за обука на вода во Охрид, каде што ќе се одржи Централната свеченост по повод 18 август, Денот на Армијата на Република Македонија.

-Поради утрешниот значаен настан, апелираме, граѓаните да ги почитуваат мерките што ќе ги спроведуваат инспекторите за пловидба од Капетанија на пристаништа во Охрид и полициски службеници од СВР Охрид и Езерската полиција, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Најнови вести од Македонија

To top