Македонија

Петрова: Владата се задолжи за 840 отсто во однос на истиот период лани

Петрова: Владата се задолжи за 840 отсто во однос на истиот период лани

За еден ипол месец од оваа година дефицитот во буџетот на државата е зголемен за нови 281 милион евра во споредба со истиот период лани, а сето тоа е на штета на граѓаните, истакна дополнителната заменик министерка за финансии Елена Петрова од ВМРО-ДПМНЕ, при денешната посета на Кочани и Виница.

-Од почетокот на годината до распишувањето на изборите Владата се задолжи со нови 315 милиони евра на домашниот пазар и ова задолжување е поголемо за 840 отсто во однос на истиот период минатата година. Тоа во најголем дел се користеше за финансирање на буџетскиот дефицит што беше генериран во овие месеци. Владата потроши многу повеќе средства отколку што прибра од даноци, придонеси и други буџетски приходи. Со тоа генерираше дефицит од 208 милиони евра, што е двојно повеќе во споредба со истиот минатогодишен период. Тоа значи дека ги испружи нозете подолго од можностите, со тоа создаде многу поголеми трошења и задолжувања на грбот на нашите граѓани, истакна Петрова.

Во рамки на посетата на двете општини, Петрова оствари средби со претставници на неколку стопански капацитети од Кочани и Виница, при што ја нагласила заложбата да се креираат економски, даночни и монетарни политики, како и мерки во јавните финансиии за инвестициски намени, за да се обезбеди поголема поддршка на компаниите.

To top