Конечно, Министерството за финансии вчера во објавата на податоците за јавниот долг на својата веб страна “призна” дека јавниот долг во 2023 год. изнесува 62,1% од БДП и дека е прекршено “златното буџетско правило”! Додека ова може да се види во објавата на веб страната, МФ повторно не го истакна децидно овој факт во своето вчерашно соопштение за медиумите. Но, од фактите не може да се бега, вели Дополнителниот заменик-министер за финансии во преодната Влада Елена Петрова.
Што се однесува до објавениот податок дека јавниот долг на крајот на првиот квартал од оваа година изнесува 58,6% од проектираниот БДП, вреди да се напомене дека оваа проекција за номинален БДП во 2024 год. од 14,966 милиони евра е многу оптимистичка во однос на остварениот номинален БДП во претходните години (13,668 милиони евра во 2023 год., 13,059 милиони евра во 2022 год.). Но, свесни сме дека со вака проектираниот БДП се влијае на тоа колкав буџетски дефицит и јавен долг ќе искажува МФ во текот на годината.
Новата Влада после изборите ќе има голем предизвик да го стабилизира јавниот долг и да го поттикне растот на економијата преку придвижување на јавните и приватните инвестиции и други мерки за поттикнување на економските активности и создавање нова додадена вредност.