Македонија избори 2024

Петрова: Незаконски се одлуките за вработувања и унапредувања во МФ и согласностите за вработувања во јавниот сектор

Со Пресуди на Вишиот управен суд се поништени како незаконити одлуките на ДИК (кои беа донесени врз основа на барања на Министерот за финансии) со кои ДИК одлучи дека актите за вработувања и унапредувања не се однесуваат на правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организација на изборите и не треба да се потпишуваат со “врзани” потписи на Министерот за финансии и Дополнителниот заменик на министерот, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук Елена Петрова, дополнителен заменик министер за финансии.

Петрова: Незаконски се одлуките за вработувања и унапредувања во МФ и согласностите за вработувања во јавниот сектор

Со ова се докажа дека Министерот за финансии, по формирањето на техничката Влада, незаконски ги потпиша согласностите за вработувања во јавниот сектор за околу 3000 лица, на неопределено време, определено време, привремени вработувања, договори на дело, авторски договори и превземања. Незаконити се и одлуките за вработување и унапредување во МФ. Согласно пресудите на Вишиот Управен суд, сите овие одлуки не може произведуваат правно дејство, затоа што е поништена одлуката на ДИК за прашањето за врзаните потписи.

Во Македонија мора да се почитува владеењето на правото и да функционира правната држава. Врзаниот потпис во Законот за Влада е предвиден како гаранција дека дискреционите овластувања на Министерот за финансии нема да се применуваат заради постигнување на политички цели во услови на постоење на техничка влада и да се спречи манипулирање со избирачката волја на граѓаните.

Се’ додека сум на оваа функција, до последниот ден од мандатот на оваа техничка Влада ќе се борам да се почитува правото и ќе се грижам за правата и интересите на сите граѓани. Владеењето на правото претставува највисок императив за кој јас и партијата која ме номинираше ВМРО-ДПМНЕ силно и без никакви отстапки се залагаме да се почитува, пишува Петрова во својата објава.

Најнови вести од Македонија

To top