Македонија

Пешевска: Повикувам за подигање на свеста за ракот на дојка, редовните лекарски контроли треба да станат дел од нашиот живот

Пешевска: Повикувам за подигање на свеста за ракот на дојка, редовните лекарски контроли треба да станат дел од нашиот живот

Денес, во Собранието, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска се обрати на јавноста за подигање на свеста за ракот на дојка во рамките на меѓународниот месец за борба против оваа болест. Пешевска побара собранието да биде обоено во розово, симболизирајќи солидарност и поддршка за заболените.

„Ве повикувам да му посветиме потребното внимание на нашето здравје така што редовните лекарски контроли ќе станат дел од нашиот живот. Драги девојки, никогаш не е рано да се грижите за вашето здравје. Драги жени, драги сестри, драги мајки, најдете време да се грижите за себе, исто како за вашите сакани, и не заборавајте дека секој преглед е важен“ , рече пратеничката Пешевска.

Таа посочи дека ракот на дојка е една од најчестите болести со кои се соочуваме и може да го погоди секој, без оглед на возраст, општествен статус или етничка да бедијагностицирана кај жените и е втор по причина за смрт од рак.

„Во последните 30 години, глобалната честота на болеста постојано расте. Според истражувањата, 1 од 8 жени ќе развијат рак на дојка; околу 2/3 од нив се на возраст над 55 години, додека останатите се меѓу 35-54 години. На светско ниво, бројот на новодијагностицирани случаи достигнува 1,2 милион. Иако оваа болест е една од најсмртоносните, не треба да се заборави дека и мажите се погодени, со учество од 1-2%“, истакна Пешевска нагласувајќи дека потребата за рана дијагностика беше нагласена како клучна за лекување на оваа болест.
Пратеничката истакна дека „самоконтролите и контролите во самите лекарски установи можат да ни го спасат животот, а животот не заслужува изговори“.

Нејзината пораката до присутните беше јасна: редовните лекарски контроли треба да станат дел од нашиот живот.

To top