Македонија

Палевски ќе биде екстрадиран веднаш по завршувањето на административните документи

Палевски ќе биде екстрадиран веднаш по завршувањето на административните документи

Заменик министерката за правда Викторија Аврамовска – Мадиќ во врска со екстрадицијата на Љупчо Палевски, осомничен за осомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, вели се очекува тој да биде екстрадиран веднаш по завршувањето на административните процедури.

– Министерот за правда беше во посета на неговиот колега во Турција и како што беше информирана јавноста од Министерството за правда, судската постапка е завршена се чекаат административните документи да се завршат и очекуваме дека Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран, рече Аврамовска – Мадиќ одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција во Влада со директорот на Агенција за млади и спорт Наумче Мојсоски.

На денешната прес-конференција Аврамовска – Мадиќ во одговор на новинарско прашање како го коментира писмото кое Љупчо Палевски преку партијата Десна го испрати до медиумите, вели дека не сака да го коментира, бидејќи се што е поврзано со судската постапка може да биде погрешно сфатено во јавноста и да наштети на самата постапка.

– Не можам да го коментирам тоа се додека се штом е поврзано со судската постапка може да биде погрешно сфатено во јавноста и да наштети на самата постапка, рече Аврамовска – Мадиќ.

Министерот за правда Кренар Лога и неговиот турски колега Јилмаз Тунч минатиот месец остварија средба на која разговараа за постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски, при што Лога бил информиран од турскиот колега дека судскиот процес за Палевски е завршен и се очекува да завршат и административните процедури.

Кога ќе биде донесен во земјава, Палевски ќе биде спроведен во казнено поправна установа, согласно решение на суд и понатаму тече постапката пред правосудните органи.

To top