Стакло падна од Соравија центарот. Од претпоследниот кат на бизнис центарот Соравија попладнево испадна прозорско стакло кое се скрши на тротоарот и на улицата која минува меѓу ГТЦ и Работничкиот дом, пренесува телевизија Телма.
Дел од улицата беше затворен додека вработени го чистеа стаклото. Нема информации за повредени.
-Лани во септември, во управителската структура на Соравиа влезе Дрин Ахмети, внукот на претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Тој планираше преземање на овој бизнис деловен центар, вреден повеќе од 30 милиони евра преку кредит, но потоа внукот на Ахмети извести дека во зделката ќе се вклучи фирма од Тексас, САД, потсетува Телма.