Поранешниот заменик директор на Управата за јавни приходи, Исмет Гури, кој беше пуштен во домашен притвор, не е достапен за органите на прогонот, дознава Телма.
-Судот го ослободи од издржување на затворската казната и времено му ја замени со домашен притвор поради редовна терапија и лечење на болестите кои ги има, објави телевизијата.
Гури издржува затворска казна за злосторничко здружување, даночно затајување, перење пари и кражба на 840 илјади евра од дирекцијата каде што работел.