Евидентирани се вкупно осум пожари на отворен простор низ државава до 13.30 часот. Од нив, четири се активни, а два се ставени под контрола, информираат попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Од активните, два се на територија на општините Чашка и Чучер Сандево, каде гори мешана шума. Нискостеблеста вегетација гори во прилепскиот регион, а стрниште на територија на струшкото село Горно Татеши.
Првиот пожар ставен под контрола е на територија на општина Штип, каде опожарени се нискостеблеста шума, смреки и сува трева. Вториот е во регионот на демирхисарското село Вардино, гореле исечени дрва за огрев.
Изгаснатите пожари биле на територија на општините Гостивар и Прилеп.