Започна ОСМАТА академија за здравство и здравствени системи во организација на Македонскo здружение на медицински сестри – МЗМСАРИН.
-Ги зајакнуваме капацитетите, вештините и знаењата за лидерство во здравството.
На различни теми поврзани со менаџирањето на здравствените установи дискутираме со различни чинители, вклучувајќи различни аспекти од менаџирање со фокус на надминување на различни предизвици.
И оваа ОСМА АКАДЕМИЈА е додадена вредност и значително зајакнување на капацитетите во јавно-здравствениот сектор, а новина е дека овие академии започнуваат да ги организираат здруженија на здравствени работници или на пациенти и добродојдени се сите чинители во здравствениот систем, велат од таму.