Македонија

Орце Ѓорѓиевски на терен по силното невреме: Да ги санираме штетите, сите кои имате проблем јавете се на овие броеви

Орце Ѓорѓиевски на терен по силното невреме: Да ги санираме штетите, сите кои имате проблем јавете се на овие броеви

Драчево и околината на Кисела Вода денес ги зафати силно невреме проследено со обилни врнежи од град кои направија штета, не голема, но доволно за интервенција, порача вечерва градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски кој излезе на терен по силното невреме.

– За среќа, имавме многу малку повици за поплавени домови и неколку паднати дрвја, каде што веднаш интервениравме! За жал, не можеме да ги спречиме временските непогоди но можеме да бидеме рака под рака со граѓаните и заедно да го поминеме ова. Да ги санираме штетите и да делуваме таму каде што е најпотребно. Мојот народ не е сам! Заедно со екипите сме на терен, порача Ѓорѓиевски.

Сите служби се на располагање, вклучувајќи ме и мене и ве повикувам сите кои имате било каков проблем и потреба да се јавите на: ✅ 071391250 и ✅ 070259942, нагласи Ѓорѓиевски.

Поврзани теми

Најнови вести од Македонија

To top