Македонија официјална посета на земјава

Одржана тет-а-тет средба Сиљановска-Давкова – Бегај: Разменети мислења за европските аспирации на Македонија и Албанија

Беше изразена подготвеност за натамошно унапредување на политичкиот дијалог и институционалната соработка, во интерес на граѓаните на двете држави.

Одржана тет-а-тет средба Сиљановска-Давкова – Бегај: Разменети мислења за европските аспирации на Македонија и Албанија

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека албанскиот претседател Бајрам Бегај, кој престојува во официјална посета на земјава.

Претседателите одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на македонската и на албанската делегација.

Кабинет на Претседател

-Во фокусот на разговорите беа севкупните билатерални односи, кои се традиционално пријателски и партнерски, како и можностите за нивно понатамошно продлабочување во повеќе сфери од заемен интерес. Соговорниците разменија мислења за европските аспирации на двете држави, соработката во рамките на НАТО алијансата и актуелната безбедносна состојба на европскиот континент, како и за соработката во рамки на регионалните иницијативи, информираат од Кабинетот на Сиљановска-Давкова.

Кабинет на Претседател

Беше изразена подготвеност за натамошно унапредување на политичкиот дијалог и институционалната соработка, во интерес на граѓаните на двете држави.

Кабинет на Претседател

Најнови вести од Македонија

To top