Обилниот дожд кој денеска го зафати Пијанечкиот регион попладнево резултираше со нови одрони на патот Делчево – Македонска Каменица.
Вечерва одрони се регистрирани на повеќе локации од магистралата А3, а посебно се апелира возачите да внимаваат кај село Илиово, на излезот од Македонска Каменица кон Кочани и на излезот од Делчево кај село Очипала.
Од Македонија Пат потврдија дека нивни екипи се наоѓаат на терен на некои од посочените локации, со цел ублажување на последиците од одроните.
Нивниот апел е во насока на претпазливо движење и сите оние кои се наоѓаат во движење на магистралата да бидат крајно претпазливи и да ја прилагодат брзината согласно условите на патот.
Поради дождот сообраќајот на магистралата А3 се одвива по влажни коловози.