Од утре сообраќајот на регионален пат Р1306 делница Прилеп-Крушево – Сладуево ќе се одвива според одобрен сообраќаен проект за времен режим на сообраќај.
Како што информираа од АМСМ, времената измена на сообраќајниот режим е заради започнување со градежни активности во врска со проект санација на оштетувања на регионален пат Р 1306 делница Прилеп-Крушево -Сладуево, во вид на слегнувања на трупот на патот на стационажа од км 15+100 до км 15+600.