Македонија судење

Обвинителството достави список за повлекување сведоци во случајот „Пулс“, судењето продолжува на 25 март

За следното рочиште Обвинителството предлага да бидат сослушани сведоците Драги Илиевски, Дејан Рашков и Виолета Георгиевска – сите од општина Кочани.

Обвинителството достави список за повлекување сведоци во случајот „Пулс“, судењето продолжува на 25 март

Обвинителството денеска на сите обвинети за случајот „Пулс“ им го достави списокот со сведоци за кои предлага да бидат повлечени од постапката поради тоа што преку сведочењето на другите сведоци се утврдиле околностите. Обвинетите треба да се изјаснат дали го прифаќаат повлекувањето на сведоците до следното рочиште закажано за 25 март годинава.

За следното рочиште Обвинителството предлага да бидат сослушани сведоците Драги Илиевски, Дејан Рашков и Виолета Георгиевска – сите од општина Кочани.

На денешното рочиште сведокот Живко Ставревски, помошник-генерален инспектор во Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), изјави дека до 2020 година не биле предвидувани редовни инспекциски надзори во општини во кои нема инспектори, а Кочани немало покриеност со инспектор за проверки и превенција.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Во него загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

На следното рочиште продолжува доказната постапка со изведување сведоци на предлог на Обвинителството, кое го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Најнови вести од Македонија

To top